И Шарлиз Терон ја одбра Хрватска за одмор!

22 август 2019

Изгледа дека годинава Хрватска станува сè попопуларна дестинација меѓу Холивудските ѕвезди. После Бон Џови, Силвестер Сталоне со семејството, Новак Ѓоковиќ, Селма Хаек и Овен Вилсон (снимаа филм), Хајди Клум, дизајнерот Александар Ванг, фудбалерот на „Јувентус“, Сами Кедира, актерот Неил Патрик Харис, Томи Хилфигер, но и принцот Алберт од Монако, да го помине својот одмор таму одлучи и актерката Шарлиз Терон.

Таа со својата ќерка престојува на Хвар, а неодамна присуствуваа во еден елитен ресторан.

Тимот на истиот го искажа своето задоволство што актерката ги почестила со своето присуство, па на социјалните мрежи објавија видео од средбата со неа, пишувајќи: „Моментот кога Шарлиз Терон ќе рече дека било супер!“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by RESTAURANT GARIFUL (@restaurantgarifulhvar) onAug 21, 2019 at 6:50am PDT

Видеото наиде на бројни позитивни коментари. За сега нема други фотографии и видеа од нејзиниот престој на Хвар, но секако ова оди во прилог на хрватскиот туризам, кој станува сè попривлечен за светски познати личности.

 

Објавено:
22 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.164 пати