И Силвестер Сталоне со семејството летува во Хрватска

5 јули 2019

Веќе знаеме дека Хрватска е една од омилените дестинации на познатите, но оваа година се чини оваа дестинација се најде на првото место на холивудските ѕвезди.

Откако минатата недела познатиот рокер Џон Бон Џови беше фотографиран во Хрватска на одмор со неговото семејство, во Сплит пристигна уште една голема ѕвезда – Силвестер Сталоне со ќерките и сопругата.

Она што е интересно е тоа што фотографирани беа само сопругата и ќерките, а хрватските медиуми пишуваат дека тој успеал да помине низ споредниот излез без да биде следен од папараците и веднаш се упатил кон нивната јахта.

Неговото семејство во Сплит пристигнало со приватен авион од Венеција, а за време на престојот се очекува да крстарат по целото крајбрежје и познатите острови.

Веднаш по пристигнувањето, тие со луксузни автомобили биле пренесени до јахтата каде најверојатно ги чекал познатиот актер кој утре го прославува 73 – тиот роденден.

 Инфо и фото: SlobodnaDalmacija.hr, Tportal.hr

Објавено:
5 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
800 пати