И синот на Софија Вергара стана модел

23 декември 2016

Маноло Гонзалес Вергара е името на синот на популарната акерка Софија Вергара, кој неодамна го имаше своето модно деби.

Досега 24-годишниот Маноло сме го гледале во придружба на неговата мајка на црвениот килим, така што добро ѝ е познат на јавноста, но овој пат вниманието е целосно насочено кон него.

Се работи за едиторијал за „Пејпр“ магазин, инспириран од филмовите на шпанскиот режисер Педро Алмодовар.

Покрај Маноло, во едиторијалот е и моделот Стиви ДеФеличе. Инаку, ова момче го интересира и режијата, па токму во моментов работи на негов краток филм со работен наслов „Post Mortem“, кој го снима на Инстаграм.

Во знак на поддршка, Вергара на Инстаграм сподели една фотографија од снимањето на едиторијалот, која предизвика бројни убави коментари на социјалните мрежи.

 

A photo posted by Sofia Vergara (@sofiavergara) onDec 21, 2016 at 10:59am PST

 

Објавено:
23 декември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
466 пати