И со крваво уво, Бијонсе го продолжи настапот на Tidal

17 октомври 2016

Дека таа е една од најголемите музички легенди и диви кои било кога се појавиле на сцената, докажа и вчерашниот настап на шоуто на Tidal кога Бијонсе продолжи да пее со повреда на увото.

Имено, на видеата објавени од нејзините обожаватели може да се види како нејзината предолга плетенка се закачува во обетката по што истата паѓа и предизвикува повреда на увото на пејачката.

Кога таа ќе сфати дека всушност крвари, едноставно продолжува да пее без никакви потешкотии, што предизвика вистинско воодушевување кај сите присутни и на социјалните мрежи.

Со овој потег, по кој знае кој пат таа докажа дека е вистински професионалец кога станува збор за нејзината музика и дека никогаш нема да ги изневери обожавателите.

Веднаш по завршувањето на шоуто, таа се упати на вечера со нејзиниот сопруг и некои од изведувачите кога и беше фотографирана со повредата на увото која се чини сепак и не била толку страшна.

Како што и сите очекуваа, пејачката направи уште едно фантастично шоу на кое испеа некои од нејзините најголеми хитови од албумот Lemonade.

На настапот таа се појави во секси корсет и високи чизми над колената, со секси шминка и долга руса плетенка.

Она со што остави особен впечаток беше фустанот со кој пристигна на хуманитарниот настан, дело на брендот Gattinoni Couture комбиниран со високи црни Лубутан потпетици.

Погледнете!

Објавено:
17 октомври 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.455 пати