И во деветата деценија Софија Лорен изгледа одлично

6 јули 2017

Во Париз во тек е модната недела посветена на Високата мода, а во рамки на истата неодамна ревија одржа и модниот бренд „Армани“.

Покрај одличните креации, вниманието на медиумите го привлекоа и лицата од првите редови.

Кејт Винслет, Пријанка Чопра, како и Софија Лорен, која се најде во друштво на Ребека Армани и Наоми Вотс.

фото: Твитер/Армани

Легендарната актерка која важеше и за секс симбол на 1960-тите, денеска има 83 години и сè уште изгледа одлично.

На ревијата на својот долгогодишен пријател и соработник се појави во бел женски костим, богато украсен во горниот дел.

фото: Твитер/Армани

Лорен остана доследна на длабокото деколте, но вниманието го сврте со бисерниот ѓердан и обетки.

Со прекрасен поглед и широка насмевка, Лорен и денес има убавина со која привлекува, а воедно остана доследна во негувањето на женственоста и елеганцијата.

фото: Твитер/Армани

Токму за негата и убавината зборуваше и во својата книга „Жените и убавината“.

„Никогаш не се сметав за класична убавица, туку за интересна жена. Ако жената е млада и убава, но не и дисциплирана, со годините ќе ја изгуби убавината и изгледот. Од друга страна, ако жената е „обична“, но диспциплирана, со годините ќе изгледа сè поубаво“, пишува Софија во книгата.

фото: vogue.com/Alessandro Garofalo

Фото: WWD/Stephane Feugere

Таа не крие дека освен дисциплината, за нејзината убавина придонесува и самодовербата и ставот, што ги има дури и на 83-годишна возраст.

фото: Nowfashion.com

„Бев среќна и задоволна со себе. Ми кажуваа дека имам преголема уста и многу долг нос. Но, тоа не ме повредување, затоа што кога верувам во нешто, тогаш не запирам. Дури и мојот сопруг Карло Понти мислеше дека имам голем нос. Често се расправавме поради тоа. Тогаш во мода беше „францускиот“ нос нагласен врв. Тоа им се допаѓаше. Но, можете ли мене да ме замислите со таков нос“ –изјави во една пригода актерката, со што воедно уште еднаш испрати порака до новите генерации.

Ребека Армани и Софија Лорен; фото извор: zimbio.com/Pascal Le Segretain/Getty Images Europe

Објавено:
6 јули 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.003 пати