iHeartRadio Awards 2019: Натпревар за најлошо облечена ѕвезда

15 март 2019

Во Лос Анџелес вчеравечер се одржаа iHeartRadio Awards 2019, но она за што днеска не сте зборува денес не се толку наградите, колку црвениот килим.

И тоа не во добар контекст.

Речиси и да немаше добро облечена ѕвезда на вчерашниот настан. Црвениот килим беше парада на лоши креации, па имате впечаток дека се натпреварувале кој полоша креација ќе носи.

Тејлор Свифт се појави во краток светкав комбинезон, кој за волја на вистината добро ѝ стои, но не е најдобар моден избор, бидејќи изгледа евтино.

Кејти Пери со карираниот фустан-кошула во комбинација со најлон и ретро фазонот со косата и чевлите, е излезена како од „Алиса од земјата на чудата“.

Хајди Клум е целосно во животнски принт, кој овој пат воопшто не ѝ ласка, додека Хелси многумина ги потсетува на вработена во ресторан со белата кошула, пеперугата и црните панталони. 

Се коментираше и изгледот на Бебе Реџа која се појави во црн комбинезон, со што ги истакна своите облини, а шапката беше модниот додаток кој привлече најмногу внимание и со кој беше предмет на потсмев на социјалните мрежи. 

И Џон Леџенд не беше поштеден. Тој беше наречен „Џон Лаванда“ поради изборот на боја на оделото, кое го искомбинира со бели чизми и кошула.

Ниту Зара Ларсон имаше добар моден избор. Краткото цветно фустанче со винтиџ нота, воопшто не ја истакна нејзината фигура на добар начин.

Како беа облечени останатите погледнете во галеријата.

Кога се наградите во прашање, вчера прославуваа Тејлор Свифт, која ја има најдобрата турнеја на годината, Аријана Гранде е артист на годината, а Дрејк машки артист на годината.

Во „ар-ен-би“ категоријатата апсолутен победник е Ела Меи, а артист на декадата е Гарт Брукс.

Наградата iHeartRadio Innovator Award, отиде во рацете на Алиша Кис.

За песна на годината е прогласена "The Middle," Zedd, Maren Morris, Grey. 

Комплетната листа на победници можете да ја видите ТУКА.

 

Објавено:
15 март 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
573 пати