Инспиративнен аутфит на Дина Абдулазис на PFW

9 март 2018

Една од најмодерните жени во Саудиска Арабија, која важи и за икона на стилот на глобално ниво, принцезата Дина Абдулазис, е редовен гостин на Модната недела во Париз, каде постојано го привлекува вниманието на медиумите.

Така беше и сезонава. Во плеадата фотографии од уличната мода, без исклучок Дина секогаш е една од оние стилски икони што се издвојуваат.

Овој пат, особено се коментираше (секако во позитивен контекст) нејзиниот аутфит што вклучува неколку едноставни и симплифицирани, но беспрекорно комбинирани и скроени парчиња. Дводелниот костум – сако и панталони во бела боја, се комбинирани со луксузен макси капут со апстрактни принтови и со женствени високи потпетици. Дополнителен урбан доем на целата комбинација и дава мини чантата што ја носи преку рамо.

Инспиративна и своја, принцезата Дина е современа модна икона која умее да им даде модерен призвук во својот стил на безвременските и класични парчиња облека.

Објавено:
9 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
686 пати