Инстаграм профили за носталгичарите по 1990-тите

29 март 2017

Оние родените од 2000-та па наваму не можат да разберат зошто се крева толку фама околу 1990-тите. Тие пак што ги преживеале, се сеќаваат на среќни денови, понекогаш и многу тешки (зависи каде сте се родиле). За некои 1990-тите значат слобода и детство.

И модната индустрија како да тагува по 1990-тите. „Слип“ фустаните, маичка и џинс, чокери, металик нијанси, голи стомачиња, сè тоа асоцира на оваа декада, а е и актуелен моден тренд.

За сите носталгирачи, во продолжение неколку Инстаграм профили што ќе ве расположат:

 

She's Vague: анти-Vogue

 

A post shared by SHE'S VAGUE (@shesvague) onMar 12, 2017 at 5:42pm PDT

Зад профилот стои девојка од Мелбурн, која Инстаграмот го посветила на „злобните“ икони од 1990-тите кои беа „закон“ во светскиот шоу-биз. Џенет Џексон, Мараја Кери, Дру Баримор, Парис Хилтон во нејзините сјајни, Барби моменти – колекцијата на оваа Австралијка е навистина голема.

 

90's Cigarettes: најдобри години

 

A post shared by @90scigarettes onMar 18, 2017 at 5:05pm PDT

Ако сте фан на Clueless, тогаш ќе се вљубите во овој профил. На едно место се собрани сите ѕвезди во кои бевме вљубени – Винона Рајдер во нејзината готска фаза, Дикаприо во времето кога имаше подолга коса, младите Бред Пит и Џони Деп... Треба ли уште нешто повеќе да кажеме?


90's Supermodels Daily: златна ера

Факт е дека 1980-тите и 1990-тите беа златна ера за моделите кои денес се заменети од сестрите Хадид, Кендал Џенер, Кара Делевињ и други. Но, восхитот по Кејт Мос, Наоми Кембел, Стефани Сејмор, Синди Крафорд, Клаудија Шифер и Хелена Кристенсен не се губи ниту во 2017 година! Дали ќе биде исто и со новата генерација – не веруваме, но останува да видиме.


90's Kurt: кралот на гранџот

 

A post shared by @90s.kurt onFeb 7, 2017 at 5:38am PST

Овој профил е посветен на легендарниот фронтмен на „Нирвана“, Курт Кобејн и неговите животни борби. Кобејн не само што беше музичка, туку беше и модна икона. Особено влијание извршија маиците со бендот, кои потоа одбележаа на цела генерација.


80's_90_00’s: култни икони

 

A post shared by @90s.kurt onFeb 7, 2017 at 5:38am PST

Профил посветен на филмските класици, поточно омилените сцени, цитати и ликови од најпопуларните остварувања од 1990-тите. Шерон Стоун (Основен инстинкт), Ума Турман и Џон Траволта (Евтини приказни) се само дел од оваа инста-приказна. Што има уште, проверете веднаш.


90's Babes: секс симболи

 

A post shared by 90's Babes (@90s.babes) onMar 22, 2017 at 3:52pm PDT


Од овде можете да црпите модни инспирации. Посветен на најстилските комбинации од познатите девојки, овој профил ќе ви направи вистинска ретроспектива, но и споредба со денешницата за која говоревме на почетокот. Сега имате сè на едно место.

Објавено:
29 март 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
343 пати
Извор: 
Buro 24/7.hr