Интимно издание на Лана Дел Реј

24 ноември 2014

На уредниците од  интернационалниот магазин за мажи Maxim им е добро познато дека посилниот пол ужива во насловните со разголени девојки, а дополнително атрактивни се оние со познати манекенки, пејачки и актерки.

Како подарок за празничните месеци декември и јануари од 2015-година, почетната страница ја краси пејачката Лана Дел Реј. Таа во интимно издание позира во долна облека, која ѕирка под белите чаршафи. Акцентот од краткото интервју во магазинот е ставен на нејзиниот нов имиџ, односно промената на бојата на коса за која вели:

„Нема посебна причина зошто ја променив бојата на косата и преминав во бринети. Но, мислам дека на мојата публика тоа не и е толку важно туку мојата музика. Нема потреба да се преправам, но сметам дека со потемна коса публиката ме разбира посериозно, објаснува пејачката.

Низ годините наназад, за реномираниот машки магазин позираа многу славни девојки како: Луси Лу, Џесика Алба, Мила Јововиќ, Алиса Милано и други.

Објавено:
24 ноември 2014
Категорија: 
Сцена