Ирина Шајк доминира на црвениот килим во Кан

11 мај 2018

Моделот Ирина Шајк е на добар пат да биде една од најдобро облечените личности на годинашното издание на Кански филмски фестивал. Лани, неофицијално Никол Кидман беше прогласена за кралица на Кан, кога е модата во прашање.

Ирина досега имаше две појавување. На првиот ден по црвениот килим зачекори во раскошна црна креација на брендот „Твинсет“, која ја усогласи со луксузен накит вреден неколку милиони долари.

Но, уште повеќе привлече внимание вчера, кога се појави на премиерата на филмот „Sorry Angel“ на Кристоф Оноре, во секси црвена креација на брендот „Версаче“. 

Смелата креација ги натера медиумите да го свртат сето внимание кон моделот, што поттикна лавина коментари дали фустанот го носи со или без долна облека.

Како и да е, Шајк и покрај тоа што се породи пред речиси година дена, сè уште има совршено тело, а и дефинитнво знае како да понесе вака провокативна креација.

Кој фустан вас повеќе ви се допаѓа?

 

фото извор: popsugar.com; harpersbazaar.com; tgcom24.mediaset.it; 

Објавено:
11 мај 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.633 пати