Ирина Шајк и ќеркичката Леа прекрасни на прошетка во исти фустанчиња

18 јуни 2019

Деновиве во медиумите е актуелна веста за разделбата на Бредли Купер и Ирина Шајк кои заедно ја имаат двегодишната ќеркичка Леа.

По разделбата, тие одделно се грижат за малата Леа, а деновиве таа е со Ирина која неодамна се врати од Европа каде имаше службени ангажмани.

Папараците ја фотографираа на прошетка низ Њујорк, а двете беа облечени во преслатки фустанчиња од модната куќа Барбери, а малата Леа носеше и сандалки од истоимениот бренд.

 

По прошетката, тие се упатија кон омилениот парк во Бруклин каде папараците често ги фотографираат како се забавуваат на лулашките.

Само неколку часа по нивната игра во паркот, на прошетка низ улиците на Њујорк папараците го фотографираа и Бредли, кој исто така одбра комбинација од популарниот моден бренд.

Веста за нивната разделба ја објави магазинот People на 6 – ти јуни, по што Ирина беше фотографирана како си заминува од заедничкиот дом во Њујорк.

Изминативе неколку дена таа постојано објавуваше фотографии на нејзиниот Инстаграм профил од фотосесијата за Интимисими и ревијата за Версаче, како први ангажмани по разделбата со актерот со кого беше во врска четири години.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
18 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.622 пати