Ирина Шајк и ќеркичката Леа во исти маички на прошетка во Њујорк

18 јули 2019

Ирина Шајк и нејзината ќерка Леа го користат секој момент од топлото време во Њујорк за да уживаат во заедничките прошетки во омилениот парк.

Деновиве тие беа фотографирани на уште една заедничка прошетка облечени во шик летни стајлинзи составени од куси панталони и исти колоритни маички.

Прекрасната манекенка за пригодата одбра бели тексас панталончиња во комбинација со најголемиот летен хит што повторно е број еден, обоена шарена маичка, а иста таква носеше и двегодишната Леа.

Инаку, Леа е заедничка ќерка на Ирина и актерот Бредли Купер со кого се разделија пред неколку месеци, но останаа во добри односи поради нивното дете.

Во моментов, Ирина живее во Њујорк заедно со малата ќеркичка, откако по разделбата се отсели од нивниот заеднички дом во Калифорнија.

Извори блиски до двојката тврдат дека филмот „A star is born“ целосно ја променил врската помеѓу Бредли и Ирина, со оглед на тоа што актерот бил целосно посветен на снимањето на истиот, а тука се и шпекулациите за поврзаноста помеѓу Бредли и Лејди Гага.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
18 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.182 пати