Изобилство точки од стaјлингот на Гвен Стефани за Baby Don't Lie

22 октомври 2014

По осум години отсуство, Гвен Стефани ден по објавување на песната „Baby don’t lie“, ги израдува фановите со спот за истата, за чија продукција беа задолжени Бени Бланко и фронтменост на групата OneRepublic, Рајан Тедер. Оваа песна е всушност најава за третиот студиски албум на Гвен.

За потребите на спотот, пејачката носи црни панталони со бели точки и бела маица со црни точки, спротивност која во конкретниот случај изгледа апсолутно шик и модерно. Како и претходно, така и сега Гвен е препознатлива по впечатливиот црвен кармин и русата коса и секако за комплетирање на изгледот носи црни салонки. На крајот од видеото, таа е во спортско лежерна комбинација составена од темни фармерки, патики и маица без ракави повторно со принт со точки.

Во продолжение погледнете го новиот спот.

Објавено:
22 октомври 2014
Категорија: 
Сцена