Јелена и Новак Ѓоковиќ очекуваат ќерка!

3 мај 2017

Откако неодамна Јелена Ѓоковиќ за прв пат се појави со трудничкото стомаче во Монте Карло, конечно се потврдија шпекулациите дека двојката го очекува второто дете.

Со оглед на тоа што во 2014 – тата година го добија синот Стефан, сосема нормално беше тие да посакаат ќерка.

Според информациите на српскиот магазин Стори, очигледно нивната желба се исполнила, а тоа го потврдил неодамнешниот лекарски преглед.

Како што пишува магазинот, нивните семејства биле пресреќни што ќе добијат внука, а бебето треба да се роди кон крајот на месец август.

Прекрасната Јелена изгледа подеднакво прекрасно како и за време на првата бременост, а во тоа и помагаат редовното вежбање и здравата исхрана.

Што се однесува до комбинациите, најчесто можеме да ја видиме во широки фустанчиња во нежни бои во кои изгледа уште послатко.

На турнирот во Монте Карло таа се појави во нежна туника во крем нијанса, а истата ја комбинираше со црна шапка и очила за сонце.

Деновиве, таа престојува во Шпанија заедно со нејзиниот сопруг, а редовно го посетува и на тренинзите во супер стилски комбинации.

Лежерните цветни фустани се нејзиниот избор број еден, а истите ги комбинира со тексас јакни, шапки и секогаш задолжителните очила за сонце.

Последно можевме да ја видиме во широк кариран фустан со карнери кој таа го комбинираше со бели рамни чевли и шапка за заштита од сонцето во Марбеља каде се одржуваат тренинзите на нејзиниот сопруг.

Објавено:
3 мај 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.494 пати