Каде „презимуваат“ светските ѕвезди?

4 јануари 2018

Голем дел од светски познатите ѕвезди зимуваат на плажа. Можеби ќе се изненадите, но судејќи според нивните фотографии објавени на социјалните мрежи, повеќето од топ моделите, дизајнерите, спортистите, познатите личности од шоу бизнисот, ги уживаат празниците и зимскиот одмор покрај море или океан, наместо на планина во снежна идила – што вообичаено е и прва асоцијација за зимски одмор.

Семејството Бекам испрати поздрав до своите фанови на Инстаграм од егзотично зајдисонце покрај море, топ моделот Џоан Смолс е во Порторико, додека дизајнерката Стела Мекартни ужива на егзотичниот остров St. Barts.

Трендсетерката и модел Алекса Чанг своето парче рај го најде на Маурициус, Каја Гербер ја слави успешно реализираната година во Лос Анџелес, а супермоделот Алесандра Амбросио заедно со своите пријателки одмара на бразилските плажи во Santa Catarina, исто како и Кендис Сванпул.

Карли Клос одбра авантуристички одмор во Перу, Наташа Поли е на Малдивите, а Бела Хадид се одлучи за една од најлуксузните зимски дестинации, Аспен.

 

Објавено:
4 јануари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
833 пати