Каде живеат Бекамови?

26 јуни 2014

Кога станува збор за мега популарното семејство Бекам тогаш сите сме љубопитни да дознаеме нешто ново и нешто повеќе за нивниот приватен живот и за тоа како уживаат во семејната идила.

куќата во Лондон куќата во Лондон

Двојката нема само еден дом, Викторија и Дејвид благодарение на богатството што го поседуваат имаат дури четири топли катчиња кои се лоцирани во светски локации каде можат да го поминуваат времето заедно. Станува збор за замоците во Лос Анџелес, Лондон, Франција и Дубаи.

куќата во Лондон куќата во Лондон

Најновиот луксузен дом двојката го купи неодамна, се наоѓа во срцето на британската престолнина и чини 40 милиони фунти. Зградата се состои од четири ката и има вградено таен тунел за домашна безбедност. Вториот кат е целосно посветен на децата и е уреден според нивните потреби и желби. Третиот кат пак, е наменет за Викторија и таму е сместен мини салонот за убавина, специјална соба за чевли една соба за масажа и фитнес студио.

куќата во Беверли Хилс куќата во Беверли Хилс

Мега вилата која им се наоѓа во луксузната и ѕвездена населба Беверли Хилс во Лос Анџелес е декорирана и изградена целосно во благороднички стил. Има дури шест спални соби и девет бањи. Палата во јужниот дел на Франција е со слична архитектура, дизајн и изглед како онаа во градот на ангелите. Се чини дека ѕвездениот пар го обожава аристократскиот стил и најудобно се чувствуваат кога се опкружени со гламур, луксуз и софистицираност.

Бекингамската палата Бекингамската палата

Популарната Бекингамска палата која се наоѓа во малото англиско село Хертфордшир, беше дом на позната двојка од 1999 година, па се до 2003 година и потоа беше продадена за 12 милиони фунти. Овој имот беше еден од најубавите и тие двајцата секогаш ќе бидат посебно врзани со овој замок. Покрај пространоста на палатата, имотот вклучува и терени за голф и фудбал, сала за приеми и два базени.

Последните вести за Бекамови пристигнаа директно од Бразил, каде што локалните извори тврдат дека фудбалерот купил дом во Дубаи, но и во Favela Vidigal, област блиску до Рио де Жанеиро. Точно дека парите не можат да ве направат среќни, но можат да ви обезбедат отворени опции за патувања и купување на луксузни локации кои дефинитивно ќе изнудат задоволство.

Објавено:
26 јуни 2014
Категорија: 
Сцена