Како изгледаа номинираните кога прв пат се појавија на Оскар?

16 јануари 2015

Холивуд полека но сигурно се подготвува за големиот настан, а познатите личности треба да бидат внимателни при изборот на креацијата со која ќе се појават на црвениот килим, бидејќи во продолжение ќе ги презентираме изгледите на номинираните, кога прв пат се појавиле на оваа церемонија.

Џулиен Мур е позната по изборот на авангардни фустани кога се појавува на црвениот килим, но оваа фотографија која датира од 1998 година ја прикажува во едноставно издание, со впечатлив волуменозен горен дел.

j

Рис Витерспун во 2002 година на доделувањето на Оскарите се појави во винтиџ фустан, стил кој дефинитивно треба да почне почесто да го применува во комплетирање на изгледот.

Розамунд Пајк во 2006 година привлече внимание со фустанот, кој доколку би го носела наредниот месец, сигурно повторно би придонел да привлече внимание. Сепак, мора да истакнеме дека златната нијанса одлично и прилега.

Иако денес важи за една од најубаво облечени славни дами, сепак за многумина можеби изгледот од 2008 година на Марион Котилард би бил тотално изненадување и шок.

Незаменливата Мерил Стрип е всушност опседната со гламурот од 70-тите години, а тоа не се менува со години иако оваа фотографија е направена од доделувањето на Оскарите во 1979 година.

Лаура Ден прв пат на оваа церемонија се појави во 1996 година и носеше син сатенски фустан и чанта во иста боја.

Во 1996 година Патриша Аркет важеше за една од најпосакуваните актерки, а синиот тесен фустан  сексапилно ја истакна нејзината телесна форма.

Гламурозна во секој поглед, Кира Најтли во 2006 година направи интересен и впечатлив изглед за првото појавување на доделувањето на Оскарите и тоа во фустан со сирена крој  со масивен ѓердан и клач чанта.

Ема Стоун е дефинитивно една од ретките актерки кои од самото појавување до ден денес знае позитивно да изненади со изгледот. Деби изданието на Оскарите беше во 2012 година во креација на Џамбатиста Вали, комбиниран со клач чанта. Феноменална во секој поглед!

Објавено:
16 јануари 2015
Категорија: 
Сцена