Како Сандра Булок и Рајан Рејнолдс ѝ го честитаа 98 роденден на Бети Вајт

18 јануари 2020

Легендарната Бети Вајт вчера го прослави 98 роденден.

Помеѓу другите честитки, пристигнаа и оние од Рајан Рејнолдс и Сандра Булок. 

Рејнолдс, Булок и Вајт заедно глумеа во комедијата „Предлог" од 2010 година.

Лани, Рајан се пошегува преку социјалните мрежи, честитајќи и го роденденот со пораката: „Обично не објавувам за поранешни девојки, но Бети е посебна. Среќен роденден за единствената Бети Вајт!“.

Годинава пак, со Сандра Булок испратија видео пораки, односно се натпреваруваа кој ќе испрати подобра, а како тоа изгледаше, видете во продолжение:

 

 

 

Објавено:
18 јануари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.715 пати