Како се одмораат познатите...

21 јуни 2017

Светските медиуми периодов постојано пишуваа за мини-одморот на Џенифер Лопез и Алекс Родригез. Познатата двојка беше во Париз за викенд, како и во Сен Тропе, Монте Карло, а месецов го посетија и Мајами. Пејачката со своите летни и провокативни комбинации го привлекуваше медиумското внимание.

фото извор: Popsugar.com/One Shot / BACKGRID

фото извор: Popsugar.com/One Shot / BACKGRID

Но, не се Џеј Ло и Алекс единствените селебрити личности што веќе започнаа со летните паузи.

фото извор: Popsugar.com/One Shot / BACKGRID

фото извор: Popsugar.com/One Shot / BACKGRID

Голем број познати личности на социјалните мрежи споделија фотографии од нивните одмори. Некои летуваат сами или пак сакаат да мислиме така, додека други се забавуваат во рамки на семејството.

Погледнете:

Гвинет Палтроу

Познатата актерка со своето момче Бред Фалчук неодамна беа забележани во Сен Тропе, како уживаат во луксузна јахта.

фото извор: Popsugar.com/Spread Pictures / Backgrid

 

Пирс Броснан

Британскиот актер Пирс Броснан (64) и неговата сопруга Кели Смит во моментот уживаат во романтичен одмор во Италија. Во август годинава ќе ја прослават 16-тата годишнина од брак.

 фото извор: Popsugar.com/Backgrid

 

Емили Блант

Италија е изборот и на Џон Красински и Емили Блант. Тие својата седма годишнина од брак ќе ја прослават во јули годинава, но јуни го поминуваат на Тоскана.

 

фото извор: Popsugar.com/Backgrid

 

Мет Дејмонд

Мет Дејмонд и неговата сопруга Лусијана Баросо се на одмор во Монако, а со нив е и пријателот Крис Хемсворт. Триото е фотографирано на брод, а сопругата на Крис, Елса Патаки овој пат не им прави друштво.

фото извор: Popsugar.com/Splash News Online

 

Натали Портман

Минатиот месец, Натали Портман одлучи да го спои корисното и убавото, па престојот во Кан за време на Канскиот филмски фестивал го искористи и за одмор и плажа. Воедно, тоа беше и нејзиното прво појавување по раѓањето на ќерката Амалија во февруари.

фото извор: Popsugar.com/Backgrid

 

Кејти Пери

Пејачката минатиот месец се одмораше во Мексико, а во медиумите се појави фотографија од Кејти во дводелен костим за капење и шешир со шапка, што е апсолутен тренд веќе две сезони.

фото извор: Popsugar.com/ BACKGRID

 

Ашер

Ашер реши да се одмора на Хаваи, а времето го искористи и за сурфање, а според фотографиите, одлично се забавувал.

  фото извор: Popsugar.com/Backgrid

 

Серена Вилијамс

Познатата тенисерка откако објави дека е бремена, одлучи да одмори од медиумите и од тенисот, а тоа го направи првин во Мексико, а сега пак е во Италија.

фото извор: Инстаграм

 

Бритни Спирс

Спирс веќе традиционално одмора во Хаваи, а така е и оваа година. А, не може да не се забележи дека има и одлична линија.

 фото извор: Popsugar.com/FameFlynet / AKM-GSI

 

Ева Лонгорија

Шпанската убавица Ева Лонгорија и сопругот Хосе Антонио Бастон одлучија една од нивните летни дестинации да биде Мексико, каде комплетно ќе се посветат еден на друг.

 

фото извор: Popsugar.com/FameFlynet

 

Пипа Мидлтон

Новата брачна двојка Пипа Мидлтон и Џејмс Метјус, својот меден месец го започна на југот на Франција, за авантурата да продолжи во Австралија.

 фото извор: Popsugar.com/Backgrid

 

Никол Шерцингер

Атрактивната пејачка летната сезона ја започнува со одмор на Хаваите и тоа со своите родители.

фото извор: Инстаграм

 

Џон Леџенд

Во 2015 во Мароко, Џон Леџенд и Криси Тиген ја прославија годишнината од брак, а еве и две години подоцна ѝ се навраќаат на ориенталната убавина.

фото: Инстаграм

 

Кејт Хадсон

Убава актерка честопати досега беше забележана на плажите и ексклузивните одморалишта во Грција, но оваа година летните авантури ги започна во Мексико со пријателите.

фото: Инстаграм

 

Курт Расел и Годи Хоун

А кога ја споменавме Грција, токму таа е изборот на оваа холивудска двојка, забележана како се одмора на една луксузна јахта.

фото извор: Popsugar.com/Mega

Објавено:
21 јуни 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.503 пати
Извор: 
Popsugar