Како семејството Трамп ја дочека 2018 година...

2 јануари 2018

...Луксузно, секако. Семејството Трамп одлучи празниците да ги помине во резиденцијата „Мар-а-Лаго“ на Флорида, каде и ја дочекаа новата 2018 година, приредувајќи гламурозна забава.

Доналд, Барон и Меланија ја поминаа новогодишната ноќ во друштво на останатите деца на Трамп со нивните семејства, со исклучок на ќерката на Трамп Тифани, која ја доби од вториот брак.

За оваа пригода Меланија се одлучи за розов миди фустан со светки и цветни апликации од британскиот бренд „Ердем“, кој е дел од есенската колекција за 2017 година.

Креацијата чини околу 4.500 евра. Според податоците на службената страна на брендот, фустанот е веќе распродаден, откако претходно беше намален за речиси 60 проценти.

Свечената креација Меланија ја искомбинира со класични салонки во розова нијанса.

Иванка Трамп пак се одлучи за провокативна креација од дизајнрот Дејвид Кома.

Ерик и Лара Трамп исто така беа на новогодишна ноќ, а Лара се појави во едноставен црн комбинезон кој одлично ѝ прилега на фигурата.

Инаку, во медиумите повторно се појавија коментари како претседателот се расфрла со парите и луксузот, особено откако се појавија информации околу менито што ги вклучува омилените оброци на познатата двојка.

После прославата, Доналд, Меланија и Барон Трамп се вратија назад во Белата куќа. Меланија, по примерот на првата дама на Франција, Брижит Макрон, се појави во бордо кожени панталони, кои ги искомбинира со ролка, чевли и Брикин чанта во истата нијанса, како и беж краток капут на дворедно закопчување.

 

Arriving back home #donaldtrump #melaniatrump #flotus #potus

A post shared by Donald&MelaniaFanAccount (@trumpfamilywhitehouse) onJan 1, 2018 at 10:27pm PST

 

 

фото извор: theguardian.com; aol.com; dailymail.co.uk; 

Објавено:
2 јануари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.973 пати