Како светските ѕвезди ја дочекаа Новата година?

2 јануари 2015

Приватни забави, патувања и егзотични и топли краеви беа годинешниот избор на познатите светски ѕвезди за дочекот на најлудата ноќ!

selenagomez

Оваа година, Дубаи дефинитивно беше изборот број еден кога станува збор за новогодишната прослава, па така таму можевме да видиме некои од најпознатите модели како Кендал Џенер, Шанел Иман, Џиџи Хадид, креативниот директор на Балман Оливие Рустиг, фудбалерот Кристијано Роналдо и многу други.

Селена Гомез во друштво на пријателките Селена Гомез во друштво на пријателките

На друштвото познати модели им се придружи и пејачката Селена Гомез, која постојано постираше фотографии на нејзиниот Инстаграм профил од лудата забава.

Селена Гомез Селена Гомез

Фасцинантниот Дубаи беше изборот и на познатата модна новинарка Џулиана Рансик која новогодишната ноќ ја помина со нејзиниот сопруг, пријателите и секогаш позитивниот Фарел Вилијамс.

Пејачката Рита Ора новогодишната ноќ ја дочека во Њујорк во друштво на нејзината колешка Кејти Пери и нивните пријателки.

Прекрасната Алесандра Амброзио новогодишната ноќ ја дочека на одлична забава во бело во кругот на нејзините пријатели и семејството, а на иста таква забава присуствуваше и актерката Џесика Алба заедно со нејзиниот сопруг.

Актерката Нина Добрев оваа година одбра далечна дестинација за прослава. Таа се одлучи дочекот да го помине во прекрасниот Нов Зеланд во друштво на нејзините пријатели и дел од семејството.

 

Балканската дива Нина Бадриќ новогодишната ноќ ја помина на снежниот Сент Мориц, каде се забавуваше заедно со нејзините пријателки.

Егзотична дестинација оваа година одбра и модната уредничка и блогерка Ана Дело Русо која ужива во топлото време во Индија.

Во супер секси издание за Нова година се појави и единствената Софија Вергара која блескаше во друштво на нејзиниот вереник Џо Манџанело, на нивната прва заедничка новогодишна вечер.

Во галеријата во продолжение, погледнете како и каде дел од светските ѕвезди ја поминаа оваа новогодишна ноќ.

Објавено:
2 јануари 2015
Категорија: 
Сцена