Како светските модни блогерки ги “носат“ 70-тите

16 април 2015

Даниела Бернстајн, Ши Мери, Кристина Базан и Кјара Ферањи се само дел од светки познатите модни блогерки што оваа сезона својот стил го освежија со модните вибрации од секогаш популарните 70-ти години.

Кристина Базан Кристина Базан

Оваа декада препознатлива по револуционерните субкултури, хипи движењето и боемскиот либерализам, многу често е присутна во модната индустрија, особено во летниот период кога се носат лесни материјали и лежерни кроеви.

Кјара Ферањи Кјара Ферањи

Токму во такви изданија ги гледаме и познатите модни блогерки кои одбраа романтични цветни фустани, кратки панталони, палта со реси, шешири, детали од тантела, шалови со флорални мотиви и сандали во песочни нијанси.

Ши Мери Ши Мери

Даниела Бернстајн Даниела Бернстајн

Еве како тие на себе ги „носат“ 70-тите.

 

 

Објавено:
16 април 2015
Категорија: 
Сцена