Како Вог му го смени животот на Џонатан Сандерс

4 септември 2013

Џонатан Сандерс откри дека еден фустан го сменил неговиот дизајнерски живот засекогаш, а Вог имал големо влијание во трансформацијата.

„Овој фустан, од мојата прва колекција, пролет-лето 2004. За него инспирација црпев од нештата што ги сакав и поради кои се чувствував добро - во основа беа бојата и дезенот. Никогаш ниту претпоставив дека луѓето ќе го купуваат. Бев шокиран кога Вог ја имаше Наталија Водјанова на насловна во мојот фустан. Потоа, имав два месеца да направам голема колекција. Ова е воедно и мојот омилен фустан, бидејќи од него започна се“, вели дизајнерот за Телеграф.

Voguecover noemvri 2004

Дизајнерот додаде дека ги сака мат нијансите и текстурите заедно.

„Со ова здолниште сакам да додадат твист, за да ја прикажам диско девојката од 1970-тите. Колекцијата ќе биде младешка и графичка. Колекциите треба да се работат кога чувствувате дека се релевантни на времето. Здолништето кое се најде на насловната на Вог за мај 2013, а го носи Бијонсе е доказ за тоа“, открива дизајнерот.

Vogue_May13_beyonce_b_426x639

Објавено:
4 септември 2013
Категорија: 
Сцена