Каква соба посакува Меланија Трамп во Белата куќа?

17 јануари 2017

Иако нема да се пресели во Белата куќа, сè додека синот, 11-годишниот Барон не ја заврши училишната година во Њујорк, Меланија Трамп знае што сака да промени таму.

Според зборовите на нејзината шминкерка Никол Брил, сопругата на Доналд Трамп сака една „глам“ соба, каде ќе се дотерува.

-Во Белата куќа ќе има соба дизајнирана за шминка, коса и плакар. Меланија сака соба со најдоброто осветлување, што ќе овозможи креативниот тим да го даде својот максимум и да биде што поефикасен. Познато е дека осветлувањето може или да го подобри или да го упропасти сечиј изглед – вели Брил.

Никол Брил

Инаку, Брил е шминкерка на Меланија дури 17 години. Се запознаваат за време на едно снимање и нивната соработка непрекинато трае до денес.

Откако Доналд Трамп ќе се всели во Белата куќа, Меланија ќе доаѓа таму само за викендите и празниците, за потоа и целосно да се пресели. На инаугурацијата следниот петок, ќе присуствува целото семејство Трамп.

-Тогаш Меланија ќе има состанок со целиот креативен тим со кој ќе се дискутира за нејзиниот изглед за сите пригоди тој период. Таа ќе ги сподели со нас нејзините визии за тоа како сака да изгледа, особено имајќи го предвид тоа дека секогаш имала цврста и силна идеја за тоа што ѝ се допаѓа, а што не. Тоа за тимот ги прави работите многу поедноставни  – октива Никол.

Таа додава дека за да ја подготви Меланија потребни ѝ се околу 75 минути постојан фокус и посветеност, за на крајот да се добие посакуваниот софистициран изглед.

Инаку, на семејството на идниот претседател на САД му е дозволено да прави измени во резиденцијата или другите делови на имотот. На пример, Обама за време на својот престој таму направи кошаркарски терен.Иако нема да се пресели во Белата куќа, сè додека синот, 11-годишниот Барон не ја заврши училишната година во Њујорк, Меланија Трамп знае што сака да промени таму.

Според зборовите на нејзината шминкерка Никол Брил, сопругата на Доналд Трамп сака една „глам“ соба, каде ќе се дотерува.

-Во Белата куќа ќе има соба дизајнирана за шминка, коса и плакар. Меланија сака соба со најдоброто осветлување, што ќе овозможи креативниот тим да го даде својот максимум и да биде што поефикасен. Познато е дека осветлувањето може или да го подобри или да го упропасти сечиј изглед – вели Брил.

Инаку, Брил е шминкерка на Меланија дури 17 години. Се запознаваат за време на едно снимање и нивната соработка непрекинато трае до денес.

Откако Доналд Трамп ќе се всели во Белата куќа, Меланија ќе доаѓа таму само за викендите и празниците, за потоа и целосно да се пресели. На инаугурацијата следниот петок, ќе присуствува целото семејство Трамп.

-Тогаш Меланија ќе има состанок со целиот креативен тим со кој ќе се дискутира за нејзиниот изглед за сите пригоди тој период. Таа ќе ги сподели со нас нејзините визии за тоа како сака да изгледа, особено имајќи го предвид тоа дека секогаш имала цврста и силна идеја за тоа што ѝ се допаѓа, а што не. Тоа за тимот ги прави работите многу поедноставни  – октива Никол.

Таа додава дека за да ја подготви Меланија потребни ѝ се околу 75 минути постојан фокус и посветеност, за на крајот да се добие посакуваниот софистициран изглед.

Инаку, на семејството на идниот претседател на САД му е дозволено да прави измени во резиденцијата или другите делови на имотот. На пример, Обама за време на својот престој таму направи кошаркарски терен. 

Објавено:
17 јануари 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.280 пати