Во 02 арената во Лондон вчеравечер се одржаа Британските музички награди, а голем дел од ѕвездите одбраа стајлинзи кои не беа за пофалба.

Популарната пејачка Дуа Липа која дома си замина со наградата за најдобар хит сингл, на црвениот килим се појави во чудна креација составена од боди од црна тантела со розово волуменозно здолниште што воопшто не ѝ прилегаше.

ian west pa wire

Нешто подоцна таа се појави во кусо сино фустанче со ѕвезди во златна нијанса и голема панделка во задниот дел во комбинација со златни сандали на многу висока потпетица.

Daily Mail

За црвениот килим мулти талентираната Пинк која имаше еден од најдобрите настапи на вечерта одбра долг жолт фустан со мини ролка кој го комбинираше со кожена црна јакничка која можеби беше вишок во целиот стајлинг.

pa wire

Една од најактуелните британски пејачки во моментов Џорџа Смит ја освои наградата за најдобар женски британски изведувач, а на црвениот килим се појави во исклучително чудна колоритна креација со ролка и впечатливи пердуви во долниот дел.

Daily Mail

Сè уште омилените Little Mix ја освоија наградата за најдобро видео за минатата година, а на сцената се појавија во розови креации со деколте и долги кожени мантили во кои изгледаа и повеќе од впечатливо.

Daily Mail

Во раскошна креација од минатото се појави пејачката Мејбл на која имаше и впечатлив карнер, сребрени детали во предниот дел и секако, отворен шлиц, а таа не заборави ниту на надоградената коса.

AFP

Сериозна грешка во стајлингот имаше популарната водителка Монтана Браун која се појави во транспарентен фустан што покриваше исклучително малку, но истиот имаше сериозна грешка во задниот дел што изгледаше навистина невкусно.

AFP

Што се однесува до момците, дел од нив одбраа пастелни нијанси на костими како едни од најактуелните во моментов, а фронтменот на групата Years&Years како и секогаш, беше највпечатливиот со екстравагантна наметка од свила и пердуви со која постојано позираше.

AFP

Сосема соодветен во црно беше пејачот Џорџ Езра кој ја освои наградата за најдобар пејач за минатата година, а подеднакво шик беше и младиот Шон Мендес кој за приликата одбра син костим со црни детали и истиот му прилегаше одлично.

pa wire

За најдобра интернационална група беа одрбани Бијонсе и Џеј Зи или The Carters, а како и секогаш тие не присуствуваа на манифестацијата туку преку видео во кое во позадина беше слика од Војвотката Меган Маркл им се заблагодарија на обожавателите.

Фантастичен настап имаше единствената Пинк која ја доби наградата за исклучителен придонес во музиката, а на сите присутни им приреди вистинско шоу кога испеа дел од нејзините најпопуларни песни.

 Инфо: Daily Mail, E Online, News.com.au

Објавено:
21 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.763 пати