Кејт Бланшет во фанки стил на шоуто на Луј Витон во Париз

4 октомври 2017

Нејзиниот стил има карактер по кој сите ја препознаваме. Верна е на својот личен инстинкт, што многу пати до сега се покажало како нејзин адут со кој се издвојува од останатите.

Кејт Бланшет на вчерашната ревија на Луј Витон во Париз, беше една од највпечатливите гостинки, што воопшто не е изненадување.

Овој пат се одлучи за фанки фазон кој патем одлично го носи. Колор блок ролка со волуменозни ракави врз која облече кожен елек е варијанта која можеби не би била приоритет за нејзините колешки, но Кејт едноставно го има ставот и е свесна дека таа има моќ да диктира трендови.

Комбинацијата е надополнета со елегантни панталони и салонки со шпицест врв. Косата е залижена наназад, на што совршено одговараат висечките обетки. Сосема доволно за највпечатлива гостинка во првиот ред на ревијата на Луј Витон.

Фото извор: GC Images, Getty Images, Daily Mail

Објавено:
4 октомври 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
617 пати