Кејт Хадсон: Не можам да си дозволам фустани за на црвен килим

13 ноември 2013

Актерката Кејт Хадсон открива дека не може да си дозволи да купи дизајнерски фустани за на црвен килим. Речиси на сите им е познато дека поголемиот дел од  јавните личности ги изнајмуваат фустаните што всушност модните брендови и дизајнерски имиња им ги позајмуваат пред се за нивна реклама. Сепак, ретко која холивудска личност проговорила за оваа јавна тајна притоа искрено изјавувајќи дека токму тие скапи и луксузни фустани не може да си ги дозволи.

-Некои луѓе мислат дека тие фустани ние ги купуваме, но тоа не е вистина, тие се премногу скапи. Јас имам семејство за кое најпрво треба да ги распоредам финансиите, а потоа за се останато, вели Кејт.

Таа додава дека скромната страна ја има од мајка и актерката Голди Хон која ја воспитала парите да не ги става на пиедестал, а на истиот пример ќе ги учи и своите деца. Освен тоа таа со новинарите споделила и дека нејзин сон од детството е да стане дизајнер кој сепак ќе дизајнира облека што ќе можат сите да си ја дозволат.

 

 

Објавено:
13 ноември 2013
Категорија: 
Сцена