Кејт Хадсон роди ќерка, има прекрасно име!

4 октомври 2018

Прекрасната актерка Кејт Хадсон ѝ посака добредојде на нејзината прва ќерка со момчето Дани Фуџикава, а информацијата ја сподели со нејзините обожаватели на Инстаграм.

Преку неколку фотографии, таа објави дека ќеркичката ќе се вика Рани Роуз Хадсон Фуџикава, по нејзиниот дедо, односно татко на момчето кој бил исклучителен човек кој сите го обожавале.

Како што информираше, и таа и бебето се во добра здравствена состојба и сè поминало во најдобар ред.

Таа веќе има двајца синови од претходните врски, 14 годишниот Рајдер со поранешниот маж, музичарот Крис Робинсон и Бингам, седум, со познатиот пејач на групата Muse, Мет Белами.

Неодамна, таа беше гостинка во шоуто на Елен Деџенерис заедно со нејзината мајка, а водителката посочи дека досега немала ниту еден гостин на кој воденикот може да му пукне во секое време.

Тогаш таа изјави дека сите се возбудени што конечно ќе имаат девојче во семејството, со оглед на тоа што таа веќе има двајца синови, а нејзината мајка, познатата актерка Голди Хоун рече дека едвај чека да ја запознае нејзината внука.

 

Објавено:
4 октомври 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.989 пати