Кејт Мидлтон во празнично издание – романтичниот фустан совршено ѝ прилега

3 декември 2019

Војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, деновиве беа гости во специјалното, празнично издание на познатото кулинарско шоу на Мери Бери, „The Great British Baking Show" што се емитува на BBC.

Специјализираната епизода, во која познатиот пар готви празнични специјалитети, е насловена „A Berry Royal Christmas".

Дури и во оваа прилика, кога готвењето е во прв план, Кејт Мидлтон беше дотерана во нејзин препознатлив стил – во романтичен, женствен макси фустан.

Овој пат, можеби ја инспирирала празничната атмосфера, па одбрала модел во црвена боја со ситен принт, од дизајнерката Александра Рич, што одлично ѝ прилега.

Ако се пронаоѓате во романтичната естетика, ваков модел може да ви послужи и како инспирација за празничните забави што ни претстојат.

 

Објавено:
3 декември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
879 пати