Кејти Пери изненади болно девојче кое не успеало да отиде на нејзиниот концерт

1 август 2018

Во моментов Кејти Пери е на турнеја низ Австралија каде го промовира нејзиниот нов музички материјал пред илјадниците обожаватели.

Таа успеа да одвои време и да посети едно мало девојче болно од тумор во нејзиниот дом во Аделаида, откако нејзината сестра на Твитер објави дека не може да присуствува на концертот поради комплицирање на состојбата.

Кампањата која таа ја отпочна на Твитер за кратко време стана вирална, па имаше повеќе од 100.000 ретвитови благодарение на кои информацијата стигнала до менаџментот на пејачката и таа успеала да се сретне со нејзината обожавателка.

„Мојата помала сестра многу сакаше да оди на концертот на Кејти Пери во Аделаида, но поради туморот на мозокот со кој се бори цела година, не успеа во тоа. Таа е голем обожавател на Кејти уште кога имаше три години, па ве молам да ми помогнете да стапиме во контакт со неа“, гласеше пораката на Тијана, постарата сестра на Грејс.

На видеата кои ги објави мајката на малото девојче на Фејсбук можеме да ја видиме музичката дива како ужива во друштво на малата Грејс и заедно пеат некои од нејзините најголеми хитови.

Таа и донела и подароци, како и потпишани материјали од нејзината турнеја. Пејачката земала и двајца членови од бендот кои ја придружувале додека ѝ пеела на малата Грејс.

Извор и фото: Дејли Мејл

Видео: Facebook/Dale Mores

Објавено:
1 август 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
280 пати