Кејти Пери се сврши со Орландо Блум!

15 февруари 2019

Кејти Пери и Орландо Блум се свршија на Денот на вљубените, судејќи според фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил и на оној на нејзината мајка, јавува Дејли меил.

Нејзините обожаватели за кратко време ја проширија веста по социјалните мрежи, иако пејачката и актерот официјално сè уште не ја потврдиле информацијата.

На Денот на вљубените таа објави фотографија на која е заедно со нејзиното момче со кое е во врска три години, а на истата носи прекрасен впечатлив прстен во две нијанси.

Неколку фотографии од свршувачката на Фејсбук објави и нејзината мајка Мери Хадсон со наслов: „Погледнете кој се сврши вечерва“.

Пред само неколку дена, во интервју за магазинот Paper пејачката изјави дека иако стапила во брак кога имала само 25 години, сега на 34 смета дека е сосема различна личност и дека таа идеја повеќе не е за неа.

Кејти и Орландо ја почнаа нивната врска во 2016 – тата година, раскинаа во март 2017 – тата, но повторно се смирија само неколку месеци подоцна.

Инфо: Daily Mail

Фото: Daily Mail, Facebook/MaryHudson, Instagram/KatyPerry

Објавено:
15 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.549 пати