Кети Пери во креации на Кавали за концертната турнеја

6 мај 2014

Американската поп пејачка Кети Пери на концертната турнеја насловена “Prismatic World Tour,” која започнува од Ирска ќе носи специјално дизајнирани два костими од Роберто Кавали.

Пејачката на сцена ќе се појави во  мини фустан прекриен со многу огледални апликации, а слични техники се применети и кај втората комбинација од кратко здолниште од ламе и краток  топ исто така прекриен со огледални апликации. Краткиот топ е комбиниран со мото јакна која го заокружува целосниот сценски изглед.

Концертната турнеја почнува од утре, а ќе продолжи и во Шкотска, Англија, Канада, Америка и Мексико. Парите кои ќе бидат собрани од билетите ќе бидат донирани во УНИЦЕФ.

Објавено:
6 мај 2014
Категорија: 
Сцена