Ким и Канје љубовни војници за Балман

23 декември 2014

Ким Кардашијан и Канје Вест се новите ѕвезди во рекламната кампања на Балман за мажи за сезоната пролет – лето 2015 година.

Заводливата жешка фотографска приказна носи наслов „Army of Lovers“, а фотографијата која се издвои од љубовната армија кадри е онаа каде Ким страсно го граба  својот сопруг и го искушува со допирот на нејзините усни со неговите.

Возбудената и очигледно задоволната старлета вчера ги сподели фотографиите на социјалната мрежа Твитер и во рок од триесет минути фотографиите се дури 3000 пати респоделени од страна на фановите на Ким, но и на Канје.

Ова не е изненадување, туку сосема очекувана соработка, ако се земе во предвид фактот дека и Ким и Канје се многу блиски пријатели со креативниот директор на брендот Балман, Оливие Рустенг.

„Целта на кампањата за машката колекција  беше да претставам љубов. Ким и Канје се мои блиски пријатели, а воедно се и вистински модни камелеони. Навистина ми претставува огромна чест што се дел од најновата кампања на Балман. Сплотени во една ваква фотографска приказна тие презентираат љубов, убавина, страст, енергија. Ова е многу повеќе од кампања и промовира многу повеќе од облека. Ова е прослава во чест на љубовта и пријателството“, вели Оливие Рустенг во официјалното соопштение до медиумите.

Ким Кардашијан е голема обожавателка на француската етикета. Само изминатиот месец, старлетата била видена како носи неколку комбинации на Њујоршките забави, потпишани токму од Балман.

Објавено:
23 декември 2014
Категорија: 
Сцена