Ким и Канје станаа родители по трет пат!

17 јануари 2018

Познатата двојка Ким и Канје Вест вчера станаа родители по трет пат. Со сурогат мајка тие вчера добија ќеркичка, чие име сè уште не е познато.

Веста ја соопштија преку официјално соопштение.

„Канје и јас сме многу среќни што можеме да ви го соопштиме доаѓањето на нашата здрава, прекрасна ќерка. Неверојатно сме ѝ благодарни на нашата сурогат мајка која ги направи нашите соништа реалност и ни го овозможи најголемиот подарок, како и на докторите и сестрите за нивната посветена грижа. Норт и Сеинт се посебно воодушевени што ќе ѝ посакаат добредојде на својата сестра“, вели Ким во соопштението.

 

Инаку, ријалити ѕвездата имаше критична втора бременост и здравствена состојба по раѓањето на Сеинт, па третата бременост беше мошне ризичен чекор. Во медиумите изјавуваше како размислуваат за сурогат мајка, бидејќи сакаат по трет пат да станат родители.

Името на сурогат мајката се држи во тајност, а “Ти-Ем-Зи“ откри дека таа е од Сан Диего, а се породила во Лос Анџелес во болницата во која Ким претходно ги роди двете деца. На социјалните мрежи се појавуваат различни коментари на оваа тема, а многумина сметаат дека Кајли Џенер е сурогат мајката на Ким.

Имено, таа е хоспитализирана оваа недела во истата болница, токму кога бил и терминот за раѓање на новиот член на семејството Кардашијан-Вест.

Светските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат и како би се викала ќерката, инспирирани од изјавата на Ким во шоуто на Елен, дека таа и Канје сакаат да биде кратко а постои и можност да биде на К.

За потсетување, двојката има ќерка Норт која е родена на 15-ти јуни 2013 и има четири години и син Сеинт, кој на 5-ти декември го прослави првиот роденден.

Објавено:
17 јануари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
780 пати