Ким Кардашијан заработува еден милион долари за објава на Инстаграм

6 мај 2019

Неодамна, старлетата Ким Кардашијан поднесе тужба против high street брендот Missguided дека често копира парчиња што таа ги носи и ја користи нејзината популарност на социјалните мрежи за заработка.

Во тужбата, таа бара отштета од околу пет милиони долари, а судот сè уште одлучува по обвинувањата на познатата реалити ѕвезда.

Во документите што таа ги поднела против брендот, јасно кажува колку заработува од една објава на социјалните мрежи и на каков начин тие ја злоупотребуваат нејзината популарност за да остварат профит.

Тоа што им бара пет милиони за отштета, го појаснува со фактот дека таа заработува многу од еден пост, односно нејзините побарувања се од 300.000 па сè до 500.000 долари, но и дека некои објави „тежат“ и до еден милион американски долари.

Порталот TMZ во објавата додава и дека дури и нејзиниот сопруг Канје Вест ѝ дал чек од еден милион долари за да не промовира други брендови, туку само парчињата што ги дизајнира неговата компанија.

Elite Daily

Неодамна, дел од овие цифри ги потврди и мајката и менаџер на Кардашијан девојките, Крис Џенер.

Rolling Out

„Моите ќерки постојано добиваат понуди да рекламираат разни брендови или компании на социјалните мрежи. Тие имаат распоред за секоја нивна објава, без разлика дали се работи за Инстаграм или Фејсбук“, изјави таа во интервју за Си – Би – Ес.

USA Today

На прашањето колку тие заработуваат од една објава, по неколкуминутно молчење таа кажа: „Дефинитивно станува збор за сума со шест цифри. Само толку можам да кажам“.

Инфо: Harper's Bazaar, TMZ

Објавено:
6 мај 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
662 пати