Ким се обидува да ја копира Наоми

13 март 2019

...Ама само се обидува.

На инстаграм профилот што ги „лови" дизајнерските копии, „Diet Prada", се појавија и фотографии на кои се прикажани Ким Кардашијан и Наоми Кембел, облечени речиси идентично.

Но, не е во прашање само еден пример, туку апсурдот е што во повеќе наврати, Ким се обидува да го копира тоа што Наоми претходно го носела на писта или на црвениот килим, со што евидентна е разликата како им стои иако се работи за исти или слични парчиња облека.

„Еднаш е случајност, вторпат е коенциденција, ама третпат е веќе копирање", се вели во една статија на Cosmоpolitan по повод оваа тема.

Уште еден таков случај беше „уловен" деновиве, кога Ким облече фустан со висок страничен шлиц – копија на креација на Версаче што Наоми ја носела на писта во 1996 година, што всушност и ги поттикна реакциите во јавноста.

Објавено:
13 март 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.358 пати