Кира Најтли во дамски костим на „Шанел“ се појави во Бакингемската палата

13 декември 2018

Актерката Кира Најтли денеска во Бакингемската палата ја прими наградата „OBE - Officer of the Most Excellent Odred of the British Empire“. Принцот Чарл ѝ го врачи признанието за посебен придонес во светот на драмата.

Најтли за оваа пригода беше облечена во костим од „Шанел“ во златно-жолти нијанси. Го искомбинира со бела кошула, панделка и широк златен ремен. Чевлите се во беж нијанса, а изгледот е заокружен со шапка од истиот твид од кој е изработен и костимот.

Актерката наградата ја прими во присуство на родителите и сопругот Џејмс Рајтон.

За потсетување, големиот пробив во филмската индустрија Кира го имаше со филмот „Bend It Like Beckham“, по што следуваат бројни успешни остварувања и улоги меѓу кои „Love Actually“, „Pride and Prejudice“, „Ana Karenina“, „The Imitation Games“, „The Duchess“, „Everest“, „Innocent Lies“ и други, што беше и повеќе од доволно кралското семејство да ѝ оддаде вакво признание.

 

Објавено:
13 декември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
772 пати
Тагови: 
Кира Најтли