Кити Спенсер гламурозна во бело на ревијата на Долче и Габана

23 септември 2019

Прекрасната Кити Спенсер беше дел од почесните гости на ревијата на Долче и Габана во Милано, каде се појави во фантастичен бел костим составен од три парчиња.

Таа е позната по нејзината љубов кон костимите па воопшто не беше чудно што и за оваа пригода одбра токму вакво парче. Истиот беше составен од бела кошула, елече и палто комбинирани со стилски панталони со странични џебови што ѝ прилегаа одлично.

Белиот впечатлив костим таа го надополни со бели чевли со голема црна панделка и интересен црн превез на очите, како и впечатливи светкави обетки.

Шармантната Кити се појави во овој стајлинг само еден ден откако блесна во црно – златна креација на Долче и Габана на amfAR галата во Милано.

Фустанот ѝ прилегаше подеднакво одлично како и белиот костим, а изгледот таа го надополни со ланче во форма на змија во истите нијанси како и фустанот.

Кити Спенсер е внука на принцезата Дијана, а најмногу го провлече вниманието кога се појави на кралската свадба на Меган и Хари каде беше прогласена за една од најубаво облечените гости.

И таа, како и овие две комбинации беше со потпис на Долче и Габана со оглед на тоа што таа долги години е муза на брендот.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
23 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.188 пати