Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис во креација на хрватската дизајнерка Вуица

11 февруари 2020

Помеѓу бројните познати ѕвезди, на забавата после „Оскарите“ меѓу присутните беа и Деми Мур со ќерката Румер Вилијамс.

Деми носеше црн фустан во прав крој, што одлично ѝ прилегаше, додека пак, нејзината ќерка се одлучи за раскошна креација од тул во златна нијанса.

Она што ја прави уште повпечатлива е длабокото V-деколте, и бисерите со кои цела е покриена.

Инаку, креацијата е со потпис на познатата хрватска дизајнерка, Матија Вујица, која информацијата ја сподели и на социјалните мрежи.

Таа исто така се пофали дека после забавата се одржала и нејзината ревија и тоа во куќата на Мерилин Монро, во која живее до самата смрт.

Дел од дефилето го сподели на Инстаграм.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Matija Vuica (@matijavuica) onFeb 10, 2020 at 11:02am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Matija Vuica (@matijavuica) onFeb 8, 2020 at 7:38am PST

Како и многу други познати ѕвезди и Румер се одлучи да носи веќе видена и носена креација. Имено, таа во истиов фустан се појави во 2018 годинина, на една хуманитарна вечера во Лос Анџелес.

Кое издание ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
11 февруари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
8.999 пати