Ќерката на Еминем се пробива во модниот свет

11 мај 2018

Хејли Скот е името на 23-годишната ќерка на раперот Еминем. Во најголемата популарност, животот на раперот беше предмет на љубопитност на јавноста и медиумите. Но и покрај тоа, музичарот успеа да ја сокрие ќерка си од очите на јавноста и да ѝ овозможи да расте во, како што вели, личност која ќе стои цврсто на земја.

Иако нејзините родители два пати ќе се разведуваат, таа сепак ќе каже дека нејзината најголема сила, поддршка и пример ѝ се токму нејзините родители.

Еминем ќе ја спомене повеќе пати во своите песни. Хејли се наоѓа и во Гинисовата книга на рекорди, како најмалиот изведувач на ар-ен-би песна - шест години и 210 дена.

Сепак, нејзините интереси не продолжија во насока на музика, туку кон модната и козметичка индустрија. Таа е мејк ап артист кој веќе остварува соработки со модни магазини на едиторијали.

На инстаграм профилот има речиси милион следбеници, но не го користи активно. Сепак, има доволно фотографии за да видите дека изгледа одлично.

 

 

A post shared by Hailie Scott (@hailiescott1) onDec 22, 2017 at 7:52pm PST

 

 

A post shared by Hailie Scott (@hailiescott1) onMar 23, 2017 at 5:53pm PDT

 

 

A post shared by Hailie Scott (@hailiescott1) onDec 28, 2016 at 12:23pm PST

 

 

A post shared by Hailie Scott (@hailiescott1) onJan 23, 2017 at 4:18pm PST

 

 

A post shared by Hailie Scott (@hailiescott1) onMar 17, 2017 at 10:13pm PDT

 

Објавено:
11 мај 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.246 пати