Ќерката на кралицата Елизабета го носи истиот капут од пред 40 години

14 март 2018

Принцезата Ана, ќерката на британската кралица Елизабета, на традиционалниот Commonwealth day, се појави во префинет и елегантен аутфит, што вклучува и капут што принцезата го носела пред речиси 40 години.

Ова е буквално лицето на безвременоста на едно парче облека, овој пат прикажано преку женствен, класичен капут во бела боја во комбинација со тегет. Кројот на капутот е во суптилна А форма, со средна должина, а карактеристичните копчиња го прават уште повпечатлив.

Прв пат принцезата Ана го носела во 1980 година на Royal Ascot, а во меѓувреме го комбинирала во својот аутфит на уште неколку нејзини јавни појавувања.

1980 - Royal Ascot

Инаку таа е позната како еден од членовите на кралското семејство која во јавноста често знае да се појави со ист аутфит.

 

Објавено:
14 март 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.835 пати