Ќерката на Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс е новата миленичка на Долче и Габана

10 април 2018

Модното дуо Долче и Габана викендов ја презентираше колекцијата од Алта мода, а одлучи тоа да се случи во Њујорк.

Како и секогаш, на модното шоу присуствуваа голем број познати личности, но најмногу се зборува за Кетрин Зета Џонс и нејзината ќерка Карис.

Актерката (48) и 14-годишната убавица се појавија во креации од модната куќа. Кетрин се одлучи за црн траспарентен фустан од тантела, додека Карис за црни панталони и интересен топ со откриени раменици и цветен принт.

Со оглед на тоа дека Стефано Габана нивното доаѓање го сподели и преку социјалните мрежи, веќе беше јасно дека убавата Карис е нивната нова миленичка.

 

Исто така, во модните кругови веќе се зборува дека таа наскоро може да биде и новиот омилен модел од новата генерација. Дали навистина ќе биде така, останува да видиме. Она што е сигурно е дека Карис го земала најдоброто од своите познати родители. 

 

фото извор: dailymail.co.uk; people.com;

Објавено:
10 април 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.563 пати