Кога Хилари Даф го оценува својот стил...

13 јануари 2016

Хилари Даф уште од 13-годишна возраст е на црвениот килим, со улогата во шоуто на Дизни, Lizzie McGuire. Оттогаш таа издаде пет албуми, напиша три книги и никогаш не престана да се појавува во филмови и тв-серии.

Нејзиниот најнов проект е „Younger“, тв-комедија, чија втора сезона во Америка ќе почне со прикажување токму од денес.

Но, магазинот „Космополитен“ сепак се осврна на нејзините модни комбинации, при што овој пат свој коментар требаше да даде не некое модно жири, туку самата Хилари.

Што рече младата актерка за својот стил низ годините, читајте во продолжение:

2001

-Ова очигледно е за време на „Lizzie McGuire“ затоа што имам исти украси за коса како и за време на улогата. Дефинитивно не сум имала стилист. Сигурна сум дека тоа преку моите раменици е наметка од волна. Мислам дека е прилично кул што сум носела ѓердан од „Tiffany“ и мала чанта од „Луј Витон“.

 

2005, на забавата за 18-от роденден

-Ова всушност ми се допаѓа. Фустанот е од Стела Мекартни, а моите родители ми го купија ланчето со ѓаволско око од „Loree Rodkin“. Мислам дека ова беше прв пат да носам креација на Стела Мекартни. Многу ми се допаѓаше фустанот. И сè уште ми се допаѓа.

 

2005, со Хејли Даф и Рајан Гослинг

-Веројатно сум била прилично возбудена што ќе го запознам Рајан Гослинг. Има ли некоја што не се затрескала во него? Кај мене тоа траеше долго. Сестра ми и јас сме имале убави, долги коси овде. Тоа е единствената работа што ќе ја прокоментирам овде.

 

2004, до Чед Мајкл Муреј

-Дефинитивно бев затрескана во него. Имавме сцени со бакнување во филмот и се сеќавам дека бев многу нервозна во врска со тоа. Но, потоа станавме пријатели и не беше толку стресно повеќе. Се сеќавам дека многу сакав да носам маица на премиерата. Во тоа време почнав да работам со стилист, а тој ми рече: „Ајде да додадеме маица на оваа комбинација“. Јас бев воодушевена!

 

2002, со Хејли Даф

-О, Боже, ова е лудо. Ова е засрамувачки. Кога и да кажам дека сум го пропуштила средното училиште, сите сакаат да ми потенцираат на тоа: „Си ги испуштила сите срамни моменти што се случуваат“, а јас мислам дека ова е мојот „документ“ што сите можат да го видат, дека не е така. Во тој период носев отворено кимоно, со оторени и светкави платформи и шест шноли во главата и мислам дека ова е грозно.

П.С. Погледнете ја сестра ми. Би убила за овие стомачни сега. Постојано си делиме облека. Тоа е единствената работа поради која би се скарале веројатно.

 

2004

-Не можам да се одлучам што е полошо – ова или кимоното. Ова е многу тажно. Патем, сигурна сум дека во тоа време било кул. Креацијата е на „Juicy Couture“.  Но, ова не е велур. Откако ги направија фустаните од велур, излегоа овие како што носам јас, од памучен жерсеј. А и кој одлучил да го спои фустанот со рамбовка? Кој одлучил да стави неколку златни синџири околу мојот врат на обично фустанче за плажа и таа чанта? Она во што сум прилично сигурна е дека чевлите се на Џузепе Заноти. Ова е лошо. Всушност, ме повредува.

 

2005

-Ова е слатко. Одлично е. Тогаш партнер ми беше Џоел Меден од „Good Charlotte“ и мислам дека ова беше прв пат да се појавиме заедно во јавност и да презентираме награда на VMA. Требаше да ги најавиме „The Killers“, со кои јас бев опседната тогаш. Ова не е лоша комбинација, минус чевлите. Понекогаш е во ред да се мешаат „металите“, но овде мислам дека не е ок. Колку повеќе ја гледам фотографијата, мислам дека и висечките украси на крајот се премногу.

 

2003

-Ова е одвратно. Целосно е лошо. Црните прамени во коса – никако. Здолништето само по себе не е лошо. Сум искомбинирала такво здолниште со обична црна рамбовка. Мислам дека имам околу 14 години тука. Не ми се верува дека мајка ми ме пуштила ваква да излезам од дома!

 

2003, со Серена Вилијамс

-Немам некое сеќавање за овој момент. Знам дека беше некоја гламурозна гала вечер. Тогаш многу сакав светки и сјај. Сега не, што значи дека многу сум напредувала. Постојано налетував на Серена и можам да кажам дека таа е една од најфините личности што сум ги сретнала. Да бидам искрена, не се сеќавам на овој настан, но сум ја сретнала толку многу пати и секогаш била многу мила и фина.

 

2005

-Ова и сега ми е ок. Мислам дека се работи за фустан на „Долче и Габана“, во секој случај дизајниран. Ми се допаѓа. Ова беше мојата мала рокерска фаза, па овде сум по малку „готска“. И повторно модните додатоци! Ми оди да ги фрлам!

 

2003

-Се прашувам дали ова е во времето кога почна мојата опсесија со марамите и шаловите, затоа што сè уште сум опседната со нив. Ова е убав плетен шал. Мојата коса и шминка не можам да ги гледам овде, ме боли. Дефинитивно не сум имала свој шминкер, па сум мислела дека можам да изведам ефект на „smokey eyes“, ама не сум можела.

Објавено:
13 јануари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
378 пати