Кога Кејт Бланшет и Сандра Булок шетаат низ Њујорк...

26 октомври 2016

...Тогаш сите медиуми пишуваат за тоа. Снимањето на женскиот римејк на „Единаесетмината на Оушн“, „Осумте на Оушн“ започна, а двете актерки Кејт Бланшет и Сандра Булок најавуваат дека ќе се работи за шик остварување.

Неодамна тие снимаа една сцена во Њујорк и низ улиците прошетаа во костимите, за кои може да се рече дека се совршени модни комбинации.

Бланшет носи леопард мантил со кадифено зелено одело, додека Булок носи сив мантил со црна комбинација под него.

За потсетување, покрај овие две актерки, во римејкот се појавуваат и Ен Хатавеј, Минди Калинг, Сара Паулсон, Хелена Бонам Картер, Авквафина и Ријана.

Премиерата се очекува да биде во јуни 2018 година.

 

Објавено:
26 октомври 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.866 пати
Извор: 
Harper's Bazaar