Кога познатите носат пижами во јавност...

1 август 2017

...Тоа воопшто не е нешто невообичаено, со оглед на „пижама" тенденцијата која веќе неколку сезони е централна тема во колекциите на повеќето звучни имиња меѓу светските брендови.

Интимната облека се модифицираше и доби нов, нослив - комерцијален лик што сега често го гледаме на улица.

Свилениот топ украсен со тантела, дводелните свилени пижами со врзување околу струк, свилената долга наметка со колоритни принтови – се дел од секојдневните аутфити на холивудските ѕвезди, а неретко ги комбинираат и во својот стајлинг за црвениот килим.

Ријана, Џиџи Хадид, Софија Копола, Џесика Алба, Кејт Хадсон, Тилда Свинтон, Лив Тајлер, Кара Делевињ, Ема Вотсон се само дел од популарните холивудски девојки кои обожуваат да носат пижами и во јавност.

Фото: Elle, Getty Images

Објавено:
1 август 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
557 пати