Кои се голите ѕвезди во новото видео на Канје Вест?

27 јуни 2016

Ако некој знае да го привлече медиумското внимание, тоа секако е Канје Вест. Секогаш контроверзен во изразувањето и лично и уметничко, тој предизвикува лавина реакции на сѐ што прави.

Последното нешто од него е видеото за песната „Famous“, во кое се појавуваат 12 познати личности од различни сфери и тоа голи!

Канје ги соблече Џорџ Буш, Доналд Трамп, Ана Винтур, Ријана, Крис Браун, Тејлор Свифт, Реј Џеј, Амбер Роуз, Кејтлин Џенер, сопругата Ким Кардашијан, себе, дури и Бил Козби.

Со ова видео, кое го презентираше за време на настап, пред 8.000 луѓе во арена во Лос Анџелес, раперот дава коментар за сѐ она што е актуелно во моментот во светски рамки. Нема потреба да се коментира дека присутните беа шокирани од она што го гледаат.

Во интервјуто за „Vanity Fair“ открива дел од причините зошто се одлучил токму за овие 12-мина.

-Не се работи за поддршка или омаловажување на ѕвездите во видеото. Тоа е осврт на славата – вели Канје.

За тоа дека меѓу одбраните е и Џорџ Буш, кого Вест го обвини за време на неговиот мандат дека не се грижи доволно за „црните“ луѓе раперот ќе каже:

-Можеби во некој друг, алтернативен универзум, јас и Џорџ Буш ќе бидеме пријатели. Јас би можел да бидам неговиот О Џеј Симпсон црн пријател голф.

Многумина можеби најмногу ги шокираше појавувањето на Бил Козби, за кој Канје верува дека е невин. Инаку, комичарот е обвинет за сексуално злоставување за преку 30 жени. Сепак, Канје смета дека славата значи коментар, а со самото тоа што го ставил Козби во видеото, тој ја коментира и неговата ситуација.

Музичарот не ја поштеди и својата ривалка, Тејлор Свифт. И неа ја стави во креветот, како личност која станала славна благодарение на него. Иако тимот на Кајне вели дека пејачката знаела дека тој ќе ја„опее“ во стухот „Ја направив таа кучка славна“ и дека дала согласност за тоа, нејзиниот тим пак вели Свифт не знаела за вакво нешто и била мошне шокирана.

Со тоа што во видеото се стави себеси со сопругата Ким, како и нивните поранешни партнери – Реј Џеј со кого Ким го сними порно видеото и Амбер Роуз, Канје сакаше да потенцира дека имаат слободен брак и дека нивниот живот е „уметност во движење“.

-Кажав многу работи кои другите сопруги не би ги дозволиле на своите мажи. А и фотографиите на мојата жена се исто така нешто што некои мажи не би го трпеле. Тоа што си дозволуваме да бидеме свои, тоа што сме е еден од клучните фактори што нашиот брак е успешен – вели раперот.

1.Џорџ Буш 2.Ана Винтур 3.Доналд Трамп 4.Ријана 5.Крис Браун 6.Тејлор Свифт 7.Кнаје Вест 8. Ким Кардашијан 9.Реј Џеј 10.Амбер Роуз 11.Кејтлин Џенер 12.Бил Козби

Без оглед на тоа што во видеото доминира фото-монтажата, Канје успеа во својата цел. Инаку, спотот се снимал речиси три месеца, од четири различни формати и со помош на неколку различни соработки, сѐ додека Вест не го постигна саканиот резултат. Инспирацијата пак потекнува од сликата на американскиот сликар Винсет Десидерио „Sleep“.

-Многу внимававме на кадрите, не сакавме да се добие некоја сексуална конотација. Затоа, она што го гледате се голи, ранливи и необично мирни тела, кои одмараат. Со тоа сакавме да кажеме дека под чаршавите, ѕвездите се исти како и сите други луѓе.

Инаку, дел од познатите вклучени во видеото веќе одговорија.

Крис Браун рече дека Канје е талентиран, но сосема луд човек, додека ПР-от на Џорџ Буш изјави:

-Во случај да постои некој сомнеж, тоа не е претседателот Буш. Тој е во многу подобра форма

За сега, видеото може да се види само на каналот „TIDAL“ што не е достапен во нашата земја. Се очекува во целост наскоро да се појави и на „Јутјуб“ каналот, по што веруваме коментарите ќе бидат уште поинтензивни.

Објавено:
27 јуни 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.314 пати