Кои се жените на годината според Harper’s Bazaar?

1 ноември 2016

Вчеравечер во Лондон, престижниот моден магазин Harper's Bazaar традиционално ги одбра жените на годината кои признанијата ги примија на гала вечерата одржана во хотелот „The Claridge".

Најинспиративните дами, магазинот ги селектираше во повеќе категории – од шоу бизнис до спорт и модна индустрија.

За жена на годината е избрана велосипедистката Лаура Трот, која триумфираше на овогодинешната Олипмијада во Рио де Жанеиро.

За жена филантроп е одбрана генијалната пејачка Ени Ленокс, а Донатела Версаче пак го доби годинешното признание за модна икона.

Актерката Ема Вотсон е најинспиративната жена на годината, а нејзината колешка Кира Најтли е одбрана за театарска икона.

Во продолжение погледнете ја галеријата со сите добитнички.

Кога е во прашање стилот на дамите за оваа вечер, во најголем дел тие одбраа романтични, елегантни макси фустани, а вниманието особено го привлекоа Кира Најтли која носеше перфектна тоалета во смарагдна боја од Ердем, како и Ема Вотсон која беше облечена во фустан од Диор со мотиви од актуелниот Halloween.

Гостите на настанот погледнете ги во галеријата во продолжение.

 

Објавено:
1 ноември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.115 пати