Кој е мажот на животот на Ана Винтур?

6 декември 2019

Иако славната уредничка на американскиот Вог, Ана Винтур, вешто го крие приватниот живот, сепак медиумите се упорни кога нејзината интима е тема на интерес.

Едно од прашањата за кое јавноста е секогаш заинтересирана е љубовниот живот на интригантната прва дама на модата.

Во период од 1983 до 1999 година, Ана беше во брак со детскиот психијатар, Дејвид Шафер со кого ги има и двете деца синот Чарлс и ќерката Би.

Таблоидите тогаш наголемо пишуваа дека причината за разводот била нејзината афера со инвеститорот Шелби Брајан, на што Ана одби да коментира.

Но, брзо потоа двајцата и официјално ја обелоденуваат нивната врска која трае и денеска.

Тие се запознале на гала вечер во њујоршкиот Линколн центар и од тогаш се животни партнери, а нивните пријатели потврдуваат дека хемијата меѓу нив уште тогаш била очигледна.

Шелби Брајан е познат тексашки бзнисмен и претприемач кој и физички е впечатлив и очигледно ги задоволил високите критериуми на модната уредничка, ако се земе во предвид и тоа дека и покрај нејзината резервираност во однос на приватниот жвот, многупати до сега потенцирала дека тој е големата љубов на нејзиниот живот.

 

Фото: Getty images, Google search

Објавено:
6 декември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.857 пати