Кој вели дека познатите не облекуваат исто два пати?

6 јуни 2016

Со самото тоа што имаат статус на ѕвезди, од јавните и познати личности се очекува секогаш да се појават во нова комбинација, честопати и иновативна.

Кејт Мидлтон е пример и за наметнување трендови, но и за тоа дека дури и членови на кралското семејство носат иста облека повеќе пати.

Во различни пригоди, каде тоа соодветствува, Војвотката од Кембриџ покажа дека, како и сите останати, „обични“ луѓе, си ги носи омилените парчиња и по неколку пати - некогаш во период од неколку години, а некогаш и во рамки на истата година. Со ваквите постапки, таа (а и останатите членови) уште повеќе се доближува до народот и ја зацврстува позиција кралското семејство како омилено меѓу луѓето.

 А од фотографиите може да се забележи дека тоа се најчесто фустани од Александар Меквин. Кога се боите во прашање, еден од најчестите избори на Мидлтон се зелената и сината.

Погледнете:

Овој црвен фустан од модната куќа „Александар Меквин“, Кејт Мидлтон прв пат го облече во јуни 2012-тата година (лево). На фотографијата во средина е во истата креација во февруари 2014 година, додека на фотографијата десно, Кејт го носи фустанот во декември 2015 година, на божиќна претстава во едно училиште во Британија.

 

Повторно црвена комбинација, но овој пат креација на Луиса Сигњоли. Фотографијата лево е од април 2014 година, за време на посетата во Нов Зеланд. Во декември следната година (фотографија во средина) Кејт се одлучува повторно за истиот комплет, додека фотографијата десно е од 2011 година, два месеца пред венчавката, кога всушност Војвотката од Кембриџ и првпат се појавува во оваа комбинација.

 

Темноцрвениот мантил од Л.К.Бенет е по сè изгледа еден од омилените на Кејт Мидлтон. Првпат го носи во јавност во ноември 2011 година (горе лево), потоа во ноември 2012 повторно (горе десно). На фотографијата доле лево повторно го носи во ноември, но во 2014 година, додека последната фотографија е од февруари годинава, кога мантилот го комбинира со омилената шапка.

 

На првата фотографија, Кејт е бремена со Шарлот (декември 2014 година), а за посетата на САД го одбира овој розов капут на „Малбери“. Истиот го носи кон крајот на март следната година, месец дена пред раѓањето на малата принцеза.

 

Повторно една комбинација во време на бременост, но овој пат со принцот Џорџ. Овој пастелно розов капут на фотографијата десно, Кејт го носи во јуни 2013 година, додека на следната фотографија пак, речиси две години подоцна, во март 2015.

Погледнете ги и останатите:

(лево) мај 20116 - (средина) јули 2011 - (десно) август 2012

(лево) јуни 2012 - (десно) јуни 2014

(лево) јули 2012 - (десно) април 2016

(лево) април 2014 - (десно) мај 2016

(лево) април 2014 - (средина) јули 2014 - (десно) март 2016

(лево) декември 2011 - (средина) октомври 2012 - (десно) ноември 2015

(лево) декември 2015 - (десно) февруари 2016

(лево) ноември 2012 - (десно) декември 2013

(лево) март 2012 - (десно) декември 2015

(лево) октомври 2013 - (средина) февруари 2014 - (доле) декември 2014

(1. лево) април 2012 - (2.лево) април 2014 - (3.десно) февруари 2016 - (4.десно) март 2016

(1.лево)март 2012 - (2.лево) јуни 2012 - (3.десно) март 2014 - (4.десно) март 2016

(лево) јуни 2014 - (средина) април 2014 - (десно) февруари 2016

(лево) јули 2012 - (десно) август 2012

(лево) февруари 2014 - (десно) август 2014

(лево) април 2014 - (десно) октомври 2015

(лево) јануари 2012 - (средина) ноември 2012 - (десно) декември 2013

(лево) март 2012 - (десно) октомври 2015

(лево) јуни 2011 - (десно) јуни (2012)

(лево) април 2012 - (десно) ноември 2015

(лево) јули 2012 - (десно) мај 2016

(лево) јули 2012 - (десно) април 2014

(лево) април 2014 - (десно) јули 2014

(лево) септември 2012 - (десно) април 2016

(лево) октомври 2013 - (десно) мај 2016

(лево) април 2014 - (десно) мај 2016

Објавено:
6 јуни 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.187 пати