Концерт на Џош Стоун на 14 август во Ниш!

26 јануари 2016

Една од најдобрите млади соул пејачки на денешницата, Џош Стоун ќе настапи на 14 август во Ниш, во рамки на одличниот џез фестивал Нишвил. 

Британската соул пејачка зад себе има бројни самостојни концерти, но и заеднички настапи со некои од најголемите ѕвезди меѓу кои и Џејмс Браун, Гледис Најт, Соломон Бурк, Енџи Стоун, Том Џоунс, Стиви Вондер, Синди Лопер и уште многу други. 

Меѓу ѕвездите со кои таа има настапувано е нормално и единствената Арета Френклин која била нејзиниот идол од 10 годишна возраст и која всушност била главната причина поради која Џош почнала да се занимава со соул пеење. 

Џош Стоун досега има објавено седум албуми од кои во голем дел се појавува и како автор на музиката и текстовите. 

Покрај во музичката кариера, таа е навистина успешна и како актерка, а зад себе има улоги во неколку серии и филмови. 

Во 2012, Sunday Times ја рангираше Џош Стоун меѓу петте најбогати британски музичари под 30 години, со богатство проценето на цели 10 милиони фунти. 

Меѓународниот џез фестивал „Nišville 2016“ ќе се одржи од 11 до 14 август 2016, на тврдината во Ниш, каде ќе настапат 600 изведувачи на 100 концерти на вкупно 10 поставени сцени, пишува mtv.rs.

Објавено:
26 јануари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
566 пати